Игор Ивановски ја договори поддршката од Црвенковски?
Кандидатот за претседател на СДСМ ја договрил поддршката на Бранко Црвенковски, се шпекулира меѓу членството на СДСМ. Според информациите, членовите на СДСМ сметаат дека Ивановски добил „амин“ од лидерот бидејќи во најголем дел од кандидатурите на општинските одбори на партијата, каде Црвенковски се предлага како единствен кандидат за претседател, во забелешка стои, доколку тој не ја прифати кандидатурата, предлог да биде Игор Ивановски. Според иннформациите до кои дојде Press24 шпекулациите ги подгреала кандидатурата на општинскиот огранок на СДСМ во Аеродром, каде главниот збор го има Тренкица Црвенковска, сестра на актуелниот лидер на СДСМ.
Токму ваквите информации според извори на Press24 биле главна причина, Заев вчера да излезе со свое обраќање на социјалните мрежи. Струмичкиот градоначлник, прикриено му порача на Црвенковски дека очекува од него да остане на зборот дека нема да се меша во трката за избор на нов лидер.
Ве уверувам, 2-ри Јуни е почеток на новиот СДСМ, но воедно и почеток на крајот на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.
Сепак, за ова да се случи постои само еден суштински услов, што зависи од сите нас во СДСМ, a тоа е достоинствена и цивилизирана внатрепартиска изборна процедура. Јас до крај доследно и упорно ќе се залагам и ќе инсистирам на изборен натпревар базиран врз еднакви и фер услови, ослободен од секаков вид на притисоци, лобирања, групирања, поделби, кавги, непријателства, напиша Заев на својата фан страна на facebook