Трагедија во Малави: Гром уби осум лица за време на молитва
Гром уби осум лица, вклучувајќи и едно дете, откако удри врз адвентистичка црква во главниот град на Малави, Лилонгве, информира претставник на Министерството за здравство, цитиран од француските медиуми.
Верниците биле собрани за молитва кога молњата удрила врз црквата.
Повредените биле однесени во болница, но по пат осум од нив починале. Еден од повредените е сместен на интензивно одделение, а уште четворица се под набљудување, но не се во болница, прецизира изворот.
29.12.2013 - 10:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа