Експлодира вулканот Шивелуч на Камчатка

 

Пепел во висина од осум метри над морксото ниво, денеска избувна од вулканот Шивелуч на Полуостровот Камачатка. Засега нема опасност по локалното население. 

Од регионалното одделение на руското министерство за вонредни ситуации велат дека облаците со вулканската пепел се движат западно од населените места. 

Властите предупредуваат опасност и забрана за летовите во таа област. 

Шивелуч е најсеверниот и еден од најактивните вулкани на Камчатка, а според шрефот на вулканолошката станица Клучевскаја Јури Демјанчук, вулканот ќе биде исклучително активен во текот на годината што следи.

Вулканот Шивелуч е висок речиси 3.300 метри и е оддалечен 450 километри од Петропавловск, главниот град на Полуостровот Камчатка.

28.12.2013 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега