Трајковски на судењето за Вања и Панче: "Психопативе ми се заканија да внимавам што зборувам"
Во Кривичниот Суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кои ја потресоа цела Македонија.
Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци за убиствата денеска пред Судот рече дека не познава никој од обвинетите, а дека првообвинетиот Љупчо Палевски - Палчо е во сродство со мајка му Кираца Трајковска.
-Имам закани од психопатите од партијата, од овие овде на Фејсбук, рече Трајковски денеска пред Судот, тврдејќи дека му се заканувале од профилот „Недвижности Битола“ со порака „да пази што зборува да не пропадне во дупка“.
-Јас не сум 14-годишно девојче, ниту старец, не им се плашам, изјави Трајковски на рочиштето.
Инаку, откако беше во бегство, Трајковски сам се пријави во полициска станица во Кисела Вода.
Во случајот кој е во доказна постапка, првообвинет е Љупчо Палевски - Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Жртвите биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со ист калибар на куршум од 9 милиметри, посочувајќи дека обдукцијата покажала дека Вања не била задушена, односно и двете жртви биле живи во моментот на егзекуцијата.
Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа