Продолжува судењето за Вања и Панче - Ќе сведочи ли Гоце Трајковски?
Во Кривичниот Суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за смртта на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кои ја потресоа цела Македонија.
Во случајот кој е во доказна постапка, првообвинет е Љупчо Палевски - Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.За денешното рочиште е најавено сведочење на Гоце Трајковски кој беше во бегство, па сам се пријави во полициска станица.
Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на рочиштето закажано за 27 јануари, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје од истрагата.
Жртвите биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со ист калибар на куршум од 9 милиметри, посочувајќи дека обдукцијата покажала дека Вања не била задушена, односно и двете жртви биле живи во моментот на егзекуцијата.
Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа