Инспекциите почнаа да горат: Ригорозни контроли во двата најголеми ланци на маркети
Два големи супермаркети ќе подлежат на ригорозни контроли околу начинот на кој ги формираат цените. Премиерот Мицкоски денеска на прес конференција рече дека заедно со надлежните инспекции и министерства влегува во длабока контрола на овие два ланци.
Според Мицкоски оние кои што шпекулативно и со притисоци влијаат на формирањето на цените при тоа трупајќи големи маржи го напаѓаат стандардот на граѓаните а со тоа и државата
„Ние како Влада сме должни да го браниме стандардот на граѓаните“ – рече Премиерот.
29.01.2025 - 12:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа