Бела куќа: Трамп сѐ уште планира да воведе царини за Канада и Мексико оваа недела

 

Американскиот претседател Доналд Трамп сè уште планира да го исполни своето ветување дека ќе воведе царини за Канада и Мексико во сабота, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.

Таа истакна дека Трамп, исто така, сè уште ја мери висината на новите царини за Кина, објави Ројтерс.

Трамп минатата недела рече дека ќе објави царини од 25 отсто за Мексико и Канада на 1 февруари, освен ако тие земји не помогнат во решавањето на проблемите со трговијата со фентанил во САД и имиграцијата.

Американскиот претседател претходно изјави дека ќе се обиде да воведе царини од 10 отсто за стоки од Кина.

Тој најави и дека ќе воведе царини за стоки од Европската унија, а за него, пред се, посебен проблем е трговскиот биланс, бидејќи ЕУ во 2023 година имаше суфицит во трговијата со САД.

28.01.2025 - 21:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега