Убиени тројца бизнисмени во Скопје

За четири месеци убиени се тројца бизнисмени во Скопје, анализира Утрински весник. Серијата,како што пишува весникот започна во август кога на улицата Џон Кенеди беше убиен 65 годишниот Никола Мандаловски од Скопје во канцелариите на неговата фирма Паштрик. Кој и зошто го уби овој човек истрагата се уште не открила. Она што се знае е дека убијците испукале дожд од куршуми в неговото тело.
Полицијата се уште траа и по убиецот на Џељо од Сингелиќ. Тој беше убиен во кафе-барот Ролекс кога маскирано лице влезе во локалот и отвори оган од автоматско оружје.
Во јавноста кружат различни информции за мотивите за убиството поврзани со неасчистени бизниси во подземјето.
На скопските улици беше убиен и 46 годишниот гостиварец Зекир Зеќири, познат трговец со завеси.  На неговото тело имаше оставено метро. 

27.12.2013 - 22:56
Фото: 
Утрински

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега