Годините ништо не и можат - Ким Бесинџер станува манекенка на 60 години
Холивудската актерка Ким Бесинџер повторно се враќа во светот на модата, таа потпиша договор со агенцијата IMG Models.
Бесинџер беше откриена на 16 години во родниот град и после кусо предомислување реши целосно да се посвети на оваа професија.
Во 1976 година стана фрустирана со манекенската работа и одлучи во целост да се посвети на актерската кариера така што се пресели во Лос Анџелес и почна да зема часови.
За враќањето во модниот свет, агенцијата со која потпишала договор рече: „Горди сме на соработката со така важна и ценета актерка како што е Ким. Таа има неверојатна харизма и сјајно изгледа на екранот, што ни отвора ново поле за креативна соработка ширум светот“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа