Се огласи и Груевски: Овој празник во Македонија започна да се слави како државен празник и неработен ден кога владата јас ја предводев
По повод денешниот празник Водици се огласи и Никола Груевски.
Во продолжение проселедете ја објавата на Груевски која тој ја напиша на својот Фејсбук профил,
Нека е честит и нека е за многу години денешниот празник Водици-Богојавление.
Бог се јави!
***
Овој празник во Македонија започна да се слави како државен празник и неработен ден за сите граѓани христијани од 2007 година, кога владата која ја предводев го предложи, а парламентот на 14 февруари ја усвои измената и дополната на Законот за празници.
Еве зошто.
Богојавление е еден од најстарите христијански празници, кој датира дури и пред прославата на Божиќ која се воспоставува во 4 век. Корените на празникот Богојавление може да се проследат до раните векови на христијанството кога после Велигден, е најважниот христијански празник во раното христијанство.
Најраниот дефинитивен доказ за Богојавление како христијански празник датира од 361 година, споменат од римскиот историчар Амијан Марцелин (330-391/400 год), значаен римски историчар кој живеел во 4-от век од нашата ера. Амијан Марцелин се смета за исклучително важен извор за историјата на доцната Римска Империја. Неговото дело се истакнува по точноста и објективноста. Иако самиот бил паганин, тој покажувал толерантност кон христијанството.
Тој го споменува овој празник без да дава детали за неговат содржина.
Иако ова е најраниот дефинитивен доказ, постојат и порани индикации за прославување на Богојавление.
На пример, Климент Александриски (150-211/215 год.), истакнат христијански теолог, филозоф и црковен отец кој живеел и творел во Александрија, Египет, во 194 година пишува за прославување на крштевањето на Исус од страна на одредени гностички секти.
Климент Александриски пишува за прославата на Богојавление околу 194 година во своето дело “Stromata”. Тој споменува дека следбениците на Василид го прославувале денот на Крштевањето на Исус, поминувајќи ја целата ноќ пред тоа во читање на Светото Писмо. Климент не споменува слична прослава во својата црква. Тој само известува за практиката на следбениците на Василид, кој се смета за еден од најзначајните рани гностички мислители, чии следбеници биле гностичка секта, која иако била осудена како еретичка од главната црква, опстанала до 4 век во Египет. Нивните идеи извршиле значително влијание врз развојот на гностицизмот и подоцнежните езотерични традиции.
Ова е најраното познато споменување на прославата на Богојавление во христијанската литература.
Сепак, записот на Амијан Марцелин се смета за првиот јасен доказ за Богојавление како официјален христијански црковен празник.
До 3-от век (според некои како што споменав уште од 194-тата година), раната Црква го воспоставила Богојавление како прослава која препознава и прославува неколку одделни настани, и тоа Христовото раѓање, Христовито крштевање, поклонувањето на мудреците и првото чудо на Исус во Кана кое се однесува на настан опишан во Евангелието според Јован, каде што Исус претворил вода во квалитетно вино на една свадба кога снемало вино, што веројатно било сериозен проблем за домаќините, и тоа го означува почетокот на неговата мисија и откривање на неговата божествена природа.
Овој развој со прослават на овие неколку настани во еден ден траел подолго и варирал во различни региони, односно омбинацијата на сите овие настани во една прослава се развила постепено и варирала во различни региони, односно не била универзална практика во раната Црква. Различни региони и традиции ставале акцент на различни аспекти на Богојавление. Целосното развивање на празникот со сите овие елементи траело подолго од 3-от век, со значајни промени и во 4-от и 5-от век.
Процесот на одделување на овие празници започнал порано и продолжил и по Соборот во Тур, древен град во централна Франција, сместен на реката Лоара, во 6 век важен религиозен центар во Франкското кралство и седиште на влијателна бискупија.
Така во 4-от век, Божиќ и Богојавление биле поставени како одделни празници во некои епархии. Ова било постепен процес кој се одвивал различно во различни региони и целосното одделување и стандардизација на празниците траело подолг период.
Соборот во Тур во 567 година играл важна улога во формализирањето и утврдувањето на божиќната сезона, придонесувајќи кон постепениот процес на разграничување помеѓу прославите на Божиќ и Богојавление и придонел за дефинирање и утврдување на периодот помеѓу Божиќ и Богојавление како посебена празнична сезона, означувајќи ги дванаесетте дена помеѓу нив како божиќен период.
Соборот го прогласил периодот помеѓу Божиќ и Богојавление за свет и празничен период.
Воспоставил и задолжителен пост во периодот на Адвент (подготовка за Божиќ).
Вториот концил во Тур се смета за еден од клучните црковни собири од тој период.
Инаку во однос на датумите, во 4-от век, Божиќ почнал да се утврдува на 25 декември, а Богојавление на 6 јануари, но празнувањето на Божиќ на 7 јануари и на Богојавление на 19 јануари е резултат на подоцнежни календарски разлики, а не на оригиналната практика од 4-от век.
Празнувањето на Божиќ на 7 јануари и Богојавление на 19 јануари според грегоријанскиот календар е резултат на употребата на јулијанскиот календар од страна на некои православни цркви.
Оваа разлика не постоела во 4-от век, туку се појавила подоцна поради разликата помеѓу јулијанскиот и грегоријанскиот календар.
Процесот на одделување и стандардизација на овие празници траел неколку векови.
Соборот во Тур во 567 година официјално ги поставил Божиќ и Богојавление како одделни празници на 25 декември и 6 јануари соодветно.
Разликите помеѓу јулијанскиот и грегоријанскиот календар почнале да се појавуваат од моментот на воведувањето на грегоријанскиот календар во 1582 година.
Папата Григориј XIII го вовел грегоријанскиот календар на 15 октомври 1582 година.
Во тој момент, разликата меѓу двата календара била 10 дена.
Јулијанскиот календар претпоставувал дека годината трае точно 365.25 дена, што било малку подолго од реалната должина.
Оваа мала разлика довела до акумулирање на грешка од околу 11 минути годишно.
До 1582 година, оваа грешка резултирала со поместување на календарот за речиси 10 дена во однос на астрономските настани.
Разликата меѓу двата календара продолжила да се зголемува со текот на времето. Па така, од 1700 до 1800 станале 11 дена разлика, од 1800 до 1900 станале 12 дена разлика, а од 1900 до 2100 се 13 дена разлика.
Празникот Богојавление одбележува неколку настани од животот на Исус Христос, иако нагласокот варира помеѓу источните и западните христијански традиции.
Во западното христијанство, тој првенствено ја прославува посетата на мудреците на малиот Исус, симболизирајќи го откровението на Христос кон незнабошците (нееврејските народи).
Источно-православните цркви се фокусираат на крштевањето на Исус во реката Јордан, познато како Богојавление.
Некои традиции, како што веќе беше кажано го вклучуваат и чудото на свадбата во Кана како дел од прославата на Богојавление.
Богојавление, како и Божиќ, има врски и со предхристијанските римски и египетски пагански прослави на римски и египетски пагански прослави. Датумот за нивна прослава, односно прослава на христовито раѓање и крштевање, можеби бил избран за да се совпадне со или да ги замени овие пагански прослави.
Во Египет на пример, на 6 јануари се славел роденденот на паганскиот бог Аион, за кого се верувало дека е роден од девица.
Некои пагански прослави на тој датум вклучувале верување дека водите на реките добиваат чудотворни моќи и дури се претвораат во вино
На Богојавление, денот на затворањето на божиќната сезона, се сеќаваме на трите појавувања на Исус.
Заедно со Велигден и Духовден, Водици е еден од најважните празници на христијанската црква.
Главната порака на трите приказни е дека Бог меѓу нас се појавува како човечко суштество.
Според Евангелието по Матеј, кога Исус бил крстен од свети Јован Крстител, тој исто така застанал меѓу покајаните, а потоа Светиот Дух се јавил во вид на гулаб, се спуштил и му зборувал на Отецот, кој го рекол следново: „Ова е мојот сакан син, во кој сум многу задоволен“. (Евангелието според Матеј, 3:13).
Како заклучок, празникот Богојавление има големо значење во христијанската традиција како една од најстарите и најзначајните прослави на Исус, означувајќи го откровението на Христос на светот.
Фотографии:
1.“Крштевањето на Христос” - позната уметничка слика создадена во периодот помеѓу 1472-1475 година во студиото на италијанскиот ренесансен сликар Андреа дел Верокио, во соработка со неговиот 18 годишен ученик и чирак Леонардо да Винчи. Сликата била нарачана од манастирот Сан Салви во Фиренца и Денес ова ремек-дело се наоѓа во галеријата Уфици во Фиренца. Младиот Леонардо ги насликал пејзажот во позадината и ангелот на левата страна. Леонардо го насликал својот ангел користејќи масло, што во тоа време било нова техника во сликарството.
2. Свадбата во Кана” од Паоло Веронезе, создадена во периодот 1562-1563 година, се наоѓа во музејот Лувр во Париз. Ова е најголемата слика во Лувр со импресивни димензии од 6.77 x 9.94 метри. Сликата е изложена во салата “Salle des États”, во истата просторија со Мона Лиза
3. Фотографија од бакарна гравура на Свети Климент Александриски (Тит Флавиј Клемент) од 1584 година. Гравурата е објавена во книгата “Les Vrais Pourtraits et Vies des Hommes Illustres” од Андре Тевет (André Thevet), издадена во Париз. Гравурата е изработена од Томас Кампанела де Ломесин (Thomas Campanella de Laumessin).
4. “Обожување на тројцата кралеви” од 1718 година од Гаспаре Дизиани (1689-1767) италијански сликар од доцниот барок и рококо период, активен главно во Венеција, но и во Дрезден и Минхен. Сликата е во “Музејот на фина уметност” во Будимпешта. Во Библијата не се нарекуваат кралеви, туку мудреци или маги од Исток.
19.01.2025 - 13:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа