И викендов немаме среќа - повторно дожд

Викендов во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со слаби врнежи од дожд и температури кои ќе се движат во границите од два степена во утринските часови до 14 степени во текот на денот.  

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд особено во југоисточните делови од земјава. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.

Во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од седум до 13 степени.

 

27.12.2013 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега