СДСМ: Среде зима нема јаглен во РЕК Битола, ниту се копа од рудникот Суводол

 


Со ДПМНЕ на власт Рударско енергентскиот комбинат Битола, не е повеќе рударски.  Средe грејна сезона во РЕК Битола не се копа јаглен од рудникот Суводол со денови, велат од СДСМ. 

„Додека ДПМНЕ беше во опозиција категорично тврдеа дека нема да има скап увоз на јаглен, односно ќе работат само со домашен јаглен.  Спротивно на тоа, веќе со денови не се копа јаглен. 

Мицковски изјавуваше дека од 15 ноември 2024 ќе има откривка на јаглен од милион тони но, спротивно на тоа Багерот КУ 300 кој е главен во ископот на јаглен неколку дена не работи. 

Багерот бил во подрачје каде што нема можност да ископува јаглен (ставен во кал) поради незнаење или намерно саботирање, а и настанал дефект на клучен мотор. 

Изјавите дека вчера го исклучиле Блок заради воден јаглен се приказни за мали деца и воопшто не се точни. Вчера беше исклучен Блок бидејќи нема јаглен и тоа е вистинската причина. На депонијата за јаглен има само 40 илјади тони што е доволно само за два дена ако работат сите три блока, па сега лесно може да се заклучи зошто работи само со еден блок во РЕК.

Енергетскиот систем е клекнат на колена. Срамно и тажно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола“, стои во соопштението од СДСМ.

16.01.2025 - 12:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега