И ова го има: Прасиња кои светат во темница

Кинески научници создале десет мали прасиња кои во темница, под црна флуоросцентна светлина, светат со зелен сјај.

Ова им успеало со помош на техника која ја разви Медицинскиот факултет, и во ембрионите на прасињата им вбризгале флуоресцентен протеин од ДНК на медуза.

Истата техника, во Турција е употребена за да се создадат зајчиња кои светат во темница, а во моментот се работи на тоа сличен резултат да се добие и кај овците.

Целокупното истражување има за цел да се пронајде евтин и ефикасен начин во човечкиот организам да се внесе корисен ген, за да може да се помогне во лекувањето на многу наследни болести.

27.12.2013 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега