Невреме во Бразил - загинаа 44 лица

Загинаа 44 лица во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од поројните дождови  што го зафатија југоисточниот дел на Бразил, соопшти денеска Цивилната заштита.

Повеќе од 60.000 биле принудени да ги напуштат своите домовите.

Најпогодена е сојузната држава Еспирито Санто, каде загинаа 27 луѓе, а 61.379 беа принудени да ги напуштат домовите.

Вкупно 79 населени места во Еспирито Санто се погодени од невремето, а вондредна состојба е прогласена во 26 места.

27.12.2013 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега