ФОТО: Уште еден доказ дека постојат добри луѓе - богаташ одвел во ресторан 50 бездомници
Уште еден доказ дека во светот нема само себични и лоши луѓе, а за тоа доказ е овој човек кој за Божиќ одлучил да ги почасти со вечера бездомниците од гратчето Ејкрон.
Џоел Теста ги замолил своите пријатели, семејството и познаниците наместо подароци, за неговиот 42-ри роденден да донираат пари за акцијата за помош на бездомниците.
„Мислам дека луѓето се плашат од бездомниците. Не сфаќаат дека тоа може да се случи на било кој од нас“, вели Теста за Akron Beacon Journal.
Откако завршила божиќната гозба, бездомниците добиле и порции кои можеле да ги земат со себе за да ги изедат подоцна.
Во оваа убава акција на Теста се придружила и неговата ќерка која со пријателките плетела шалови и после вечерата ги поделила на бездомниците.
Во Ејкрон во моментот живеат околу 800 бездомници, а во прифатилиштата нема доволно кревети. Затоа Теста најавил изградба на ново прифатилиште со дури 60 апартмани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа