Со закон забранети четири пцовки!

И печатените и дигиталните руски медиуми се известени дека четири зборови веќе нема да може да се појавуваат во нивни текстови и коментари на читатели. 

Како што јавуваат руските медиуми, на листата составена од Федералната надзорна агенција за технологија и комуникации, се најдоа „вулгарни термини за машки гениталии, вулгарни термини за женски гениталии, вулгарни термини за сексуални односи и жени со лесен морал како и изведенки од тие зборови“.

Во Телевизиите и радијата тие зборови ќе може да се користат по 21 часот.

Доколку забранетите зборови бидат забележани во текст, медиумската куќа ќе добие предупредување – две предупредувања во една година веќе ќе значат губење на лиценцата.

27.12.2013 - 10:55
Фото: 
фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега