Загаденоста на воздухот денеска пред Владата

Владата денеска повторно ќе ја разгледа состојбата со загадувањето на воздухот, кое изминатите денови беше над дозволеното.

Доколку состојбата не е променета, министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми најави порадикални мерки: - Од информациите на Управaта за хидрометеоролошки работи ќе зависи  и одлуката на Владата за продолжување на мерките заради состојбата со амбиентниот воздух, рече Адеми.

Поради големата загаденост на воздухот Владата донесе одлука за ослободување од работни обврски за бремените жени, лицата над 60 години и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар, а важи и препораката работниците кои работат на отворено, како што се градежните работници тоа да го прават од 11 до 17 часот, а градинките, основните и средните училишта да немаат активности на отворено.

27.12.2013 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега