ВМРО-ДПМНЕ: Стартува трансформација

 


СДС и ДУИ го осиромашија народот, за 7 години потрошија милионски Буџети, а не направија ништо дополнително, ја оставија буџетската каса празна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи константно за унапредување на животниот стандард на граѓаните. Растат платите, пензиите, се исплаќаат навремено субвенции за земјоделците, се носат нови инвестиции.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ги зголеми платите на здравствените работници за над 40%, почнувајќи со ноемвриската плата.

За само 6 месеци има 8 инвестиции во вредност од околу 730 милиони евра, што ќе донесат нови 2800 вработувања.

СДС ги заборавија земјоделците и ги оставија со празни џебови.

Владата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ за периодот од овие 6 месеци, ги исплати сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари.

Исплатени се над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година. 

Вкупно, за 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци.

СДС нема право да зборува за цени на производи затоа што тие беа креатор на двоцифрената инфлација, која го изеде стандардот на граѓаните. Со мерките поевтинија цените над 1100 производи, а грижата ќе продолжи и во иднина со слични мерки и за кошничките за Рамазан и Велигден.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува трансформација, следуваат реформи, мерки и проекти насочени кон подобрување на квалитетот и зголемување на животниот стандард на граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 
26.12.2024 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега