Чувал елени во штала без одобрение и дозвола: Ќе одговара кривично

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ј.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и оттуѓување диви животни и птици“.

Пријавениот, од непознато место и лице набавил два елени од видот „лопатар“, кои ги сместил во штала во неговиот двор во с. Тромеѓа, иако не биле исполнети условите кон животните утврдени со закон и без одобрение и дозвола за чување на таков вид дивеч од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а не биле исполнети и потребните услови за чување и одгледување таков вид диви животни.

25.12.2024 - 19:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега