Еруптираше вулканот Килауеа на Хаваи
Вулканот Килауеа на Големиот остров на Хаваи синоќа, втор ден по ред, еруптираше. Тоа е трета ерупција оваа година.
Вулканот исфрли големо количество лава. Ерупцијата се случи во подрачје што е затворено за јавност од 2007 година поради нестабилност на ѕидовите на кратерот и одрон на камења.
Во Националниот парк „Хаваи вулкани“ лоцирани се врвовите на двата најактивни вулкани во светот, Килауеа и Мауна Лоа. Килауеа веќе еруптираше во јуни и септември оваа година.
Од 2020 година вулканот Килауеа еруптираше шестпати.
25.12.2024 - 18:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа