Судењето на Додик одложено за 30 декември

 

Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) го одложи продолжението на судењето на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и в.д. директорот на Службен весник на РС Милош Лукиќ за понеделник, 30 декември.

Ова го соопшти Горан Бубиќ, адвокатот на Додик, додавајќи дека Судот на БиХ се уште не се изјаснил за барањето на одбраната на претседателот на РС да го исклучи вештакот Харис Враниќ, кој според него оценил дека Додик е здравствено способен да го продолжи судењето.

Бубиќ не објасни зошто судењето е одложено за 30 декември, а дел од сараевските медиуми објавија дека во барањето на одбраната на Додик за одложување на рочиштето било наведено дека претседателот на РС „ги извадил конците, има температура и не може да отпатува за Сараево и цел ден го поминува во судница по операцијата што ја направи“.

Додик на 9 декември беше опериран во Белград поради компликации со желудникот и хранопроводникот.

На Додик и на Лукиќ им се суди за неприменување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

24.12.2024 - 20:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега