Дај ми 600 евра за да не одиш во притвор: Маж мамел граѓани дека е јавен обвинител

 

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „измама“ во обид и против М.А.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „помагање“ во врска со „измама“ во обид.

Првопријавениот, со помош на второпријавената, во периодот од 01. до 13.12.2024 телефонски контактирал неколку оштетени, претставувајќи се како јавен обвинител и ги доведувал во заблуда дека против нив е отворена истрага во Основното јавно обвинителство Скопје. Притоа, од нив барал да платат 600 евра за да не одат во притвор. Исто така, на 13.12.2024 ги довел во заблуда С.М. и М.Ч., претставувајќи се како државен санитарен инспектор. Притоа, тој ги известил дека од продажен објект во Гевгелија имало труење со храна на дете, при што побарал да му исплатат 1.000 евра. 

24.12.2024 - 17:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега