Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат платите на функционерите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе растат платите на функционерите во 2025 година, изјави:
„Ќе растат сите плати во државата. Ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите, тоа го кажавме. И тоа го правиме, правиме измена на законското решение со коешто нема да има покачување на функционерските плати. И оваа измена на Законот ќе биде пред пратениците наскоро. Така што ќе се бориме да сите вработени во државата добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но нема тоа право да го имаат функционерите.
Дали е тоа исправен чекор? Јас ценам дека е исправен, иако постои дебата. Но, јас ценам дека е исправен и така ќе продолжиме да работ
24.12.2024 - 13:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа