Герасимовски: Преку хуманитарни базари ги учиме децата на солидарност и емпатија да помагаат кадешто е најпотребно
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера присуствуваше на предновогодишните хуманитарни базари што се одржаа во двете основни училишта „Кирил и Методиј“, „Коле Неделковски“ и градинката „13 Ноември“. На овие базари, изложени беа креативни рачни изработки на учениците и дечињата.
Герасимовски, потенцираше дека ваквите хуманитарни активности се важен дел од образовниот процес, затоа што најмладите од мали нозе се учат за солидарност и за емпатија да се помогне онаму кадешто е најпотребно.
„Упатувам огромна благодарност до сите ученици кои учествуваат на базарот, до наставниот кадар и до родителите кои ги подготвуваа изработките. Ваквите хуманитарни базари не само што носат радост и новогодишна атмосфера, туку исто така ги учат нашите деца на важноста на солидарноста, љубовта и помагањето на другите. Собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели“, изјави Герасимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа