ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ самите се идентификуваат со криминалните кланови во државава

 


Акцијата против криминалот, не е против Албанците, туку против криминалците и жртвите на криминалците меѓу кои се и Албанците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од ДУИ.


„ДУИ сега самите и со изјава се идентификуваат со криминалните кланови во државава.

На сите им беше јасно под чија заштита се тие кои дилаа дрога на нашите деца и убиваа и рекетираа по локалите низ Скопје и други градови, сите знаеја кој на кого дава лихва и зошто плаќа рекет, и сите знаеја дека ДУИ стои зад тие банди.

Сега ДУИ и јавно призна. И добро е Албанските и сите други граѓани да увидат за што се залага ДУИ. Затоа што од тие банди страдаа Албанци.

Страдаше мирот стабилноста. Страдаа деца Албанци Македонци и останати.

Монструмот во кој ДУИ се претвори се појасно се открива и гледа, и сакаме да му порачаме на ДУИ, Македонија ќе победи!

Албанците и Македонците заедно сложно ќе ги победат криминалците од ДУИ врзани со бандите и нарко клановите“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

16.12.2024 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега