Агелер: Зар има некој што е изненаден за Груби?
Амбасадорката на САД Анџела Агелер, во интервју за „Слободен печат“ зборуваше за ставањето на црна листа на поранешниот вицепремиер Артан Груби.
Агелер кажа дека ставањето на црна листа на Груби, не е обид за мешање во оваа земја, туку дека како Македонија така и други земји го сметаат овој механизам на корисен.
Кога ние ги вклучуваме тие луѓе, многу земји сметаат дека е корисно за да го надградат тоа и да преземат чекори. И како што реков пред некој ден и како што сум кажала и порано, нашата најголема надеж е дека, имајќи предвид што многу од информациите се достапни токму овде во оваа земја, дека истражителите, оние што го спроведуваат законот, обвинителите, судиите, исто така ќе се надоврзат. Затоа што верувам дека корупцијата има последици. Таа треба да има последици. И затоа, се надевам дека и лидерите и официјалните претставници овде ќе го следат тоа“, рече Агелер.
На прашањето дали била изненадена кога го видела името на Груби, таа одговори.
„Не, и моја претпоставка е дека никој не бил изненаден кога го видел неговото име меѓу граѓаните, во судството. Една од работите што е факт е кога САД објавиле назначување на некој поединец, а истото важи и за судијата Беџети, никој не вели: „Боже, не ми се верува“. Сите знаат во оваа држава кој е корумпиран“, рече Агелер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа