Разбиени мафијашките кланови во Дуќанџик и Арачиново - расчистени 4 убиства

 

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акција за лишување од слобода на сторители на кривични дела на неколку локации низ државата

 

Станува збор за полициска акција против мафијашките кланови. Со лисици на рацете завршиле најмалку 7 лица, членови на криминалните групи во Дуќанџик и Арачиново.

 

Со акцијата се расветлуваат неколку познати во јавноста убиства, според информациите станува збор за најмалку четири случаи на кривично дело убиство меѓу мафијашките кланови.

 

За акциите кои се спроведоа изминативе денови и денеска, детали се очекува да даде министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој закажа прес конференција во 15 часот.

 

 

16.12.2024 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега