„Зери“: Косово потроши 800.000 евра на дијалогот со Белград

 

Косово потроши милиони евра од косовскиот буџет на дијалогот со српските официјални претставници во Брисел, објави приштинскиот весник „Зери“ и додава дека не било можно да се дојде до податок за вкупната цифра.

Од почетокот на март 2011 година кога почна дијалогот, членови на работни групи заедно со бројни соработници добивале по сто евра дневно за трошоци за храна.

За оваа година косовската Влада издвоила 800.000 евра за трошоци за дијалогот во Брисел, додека во мај 2011 година биле издвоени 541.000 евра, наведува весникот.

„Зери“ наведува дека и покрај инсистирањето за добивање прецизни податоци за вкупните трошоци од почетокот на дијалогот, не успеале во тоа како и покрај фактот дека врз основа на две одлуки на косовската Влада биле издвоени 1,3 милиони евра за дијалогот во Брисел. 

 

26.12.2013 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега