Град Скопје му врати на Славески: Со елеметарното непознавање им правиш трајна штета на граѓаните

 

Од Град Скопје вратија со реакција за објавата на претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

„Сакајќи кај твојот шеф Мицкоски да се оправдаш за штетата која ја правиш од твоето елеметарно непознавање на законите кои го тангираат градот и општините, не само себеси што се ставаш во незгодна ситуација, туку и трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои иако имаат буџетски календар изгласан од Совет, немаат предлог буџет доставено, а рокот им бил до вчера. (документ во прилог)

Ќе побараш ли од нив одговорност Трајко?

Или да почекаме што стратегија ќе направите да се извадите и од овие глупости во кои сами се вовлековте од незнаење, со единствена цел да наштетите некому а преку тоа на цел град, за ситни политички поени“, велат од Град Скопје.

11.12.2024 - 19:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега