Уште 1000 дечиња ќе заминат на бесплатно зимување на Пелистер
Радост за дечињата од семејства со социјален ризик корисници на посебен додаток, со пречки во развојот и деца без родители и родителска грижа. Нови 1000 дечиња ќе заминат на зимување во Пелистер оваа зима.
За ова информираше министерот за труд и социјала Диме Спасов.
-Ги повикувам сите заинтересирани корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и посебен додаток да аплицираат за користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација на своите деца. Оваа услуга можат да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и деца корисници на поседен додаток, односно децата редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2013/2014 година, истакна Спасов.
Може да се аплицира се до 3 јануари 2014, а услугата опфаќа пет полни пансиони, односно ноќевања со три оброка дневно и едукативни, забавни и спортски активности во времетраење од шест дена.
-Овој проект е доказ за искрените заложби на Владата на Република Македонија за подобрување на социјалната состојба на семејствата од социјален ризик, како и грижа за сите деца преку обезбедувањето на еднакви можности и истиот ќе продолжи да се применува и во наредниот период, потенцираше Спасов.
За дечињата се обезбедени средства во износ од 11.637.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа