ФОТО: Арсовска почна да го украсува Скопје - засега има куќарки

 

Пристигнаа новогодишните куќарки на плоштадот Македонија. 

Кој ќе го украсува градот и колку пари ќе бидат потребни за тоа, засега не се знае. Сител објави дека иако побарал информации, од кабинетот на Арсовска не стигнал одговор. 
На страната на Бирото за јавни набавки Градот Скопје нема склучен договор за украсување. Градот има објавено само јавен повик за организирање новогодишен базар, но тука не е вклучено украсувањето.
Тендер не беше распишан ниту лани, а Арсовска никогаш не кажа која фирма китеше. Рече дека се потрошени 30 илјади евра, но јавноста не го виде договорот и се уште е нејасно дали тоа е вистинската сума и дали парите се исплатени или не.

За овој случај предмет оформи финансиската полиција. Оттаму за Сител велат дека еден одговор од Градот Скопје кој е од големо значење за предистражната постапка, а бил побаран од крајот на септември, го добиле дури вчера, па ќе се изврши дополнителна анализа на целокупната документацијата.

„Од страна на Управата за финансиска полиција, обезбедена е и деловната документација од операторот кој го организирал новогодишниот базар. Документацијата е детално анализирана и се споредува со условите и критериумите кои биле барани во јавниот повик објавен од страна на Град Скопје, но поради тајноста на предистражната постапка во овој момент не можеме да споделиме повеќе детали за истото. За исходот од целокупното постапување, со соодветен поднесок ќе биде известено надлежното јавно обвинителство“ се вели во соопштението на финансиската полиција
Кога стана градоначалничка, Арсовска вети дека повеќе немало да се даваат пари на приватни фирми за изнајмување украси, туку Градот ќе набави свои. Но, тоа не се случи

05.12.2024 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега