Што јадеме: Запленети над 360 килограми распиано место во позната охридска кафеана

 

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) , при спроведен редовен надзор на осумнаесетти овој месец во Охрид, од угостителски објект запленија и нештетно уништија небезбедна храна ( месо и преработки од месо) во вкупна количина од 366 килограми. Со контролата, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна. Изречена е За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата парична казна.

20.11.2024 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега