ФОТО: Ова е најдобриот скопски полицаец за 2013 година

Јонче Стоилковски од полициската станица Гази Баба е прогласен за најдобар полицаец во 2013. По тој повод, градоначлникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски на полицаецот му подари телевизор. Од општината велат дека  на овој начин се заблагодаруваат и му оддаваат признание на полицаецот кој покажал најдобри резултати во работењето во 2013 година, а воедно ова е и начин да се поттикнат сите вработени во ПС Гази Баба да дадат максимум во реализацијата на своите професионални обврски, што резултираат со вакви или слични награди и признанија.

25.12.2013 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега