13 приведени во Скопје за еден ден - сите имале дрога

 

 

Денеска (17.11.2024) во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле К.Б.(33) од Република Хрватска затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.11.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Ш.(39) и Е.Ј.(39), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.11.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.11.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода О.А.(19) и малолетник, двајцата од Република Турција, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 На 16.11.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.М.(21) и Ш.Џ.(34) двајцата од Скопје, затоа што кај  нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.11.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(22) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.11.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.М.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.11.2024 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(36) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.09.2024 кај наплатна рампа Миладиновци,  скопско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и во возилото во кое се превезувал, при што кај него бил пронајден и одземен хероин.

 

На 17.11.2024 во 00.50 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата Елешец во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.Н.(38) од Велес затоа што при преглед во неговото патничко возило „рено клио“ била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

17.11.2024 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега