Македонците на интернет главно купуваат предмети поевтини од 50 евра

 

Две третини од македонските граѓани кои купуваат на интернет, за три месеци пазат три до пет пати. Само околу 3% од граѓаните онлајн пазарат до 10 пати во три месеци. Најчесто тоа е облека, козметика или храна. Сепак, граѓаните сѐ уште се одлучуваат за помали трансакции за уплата преку интернет, со оглед на тоа што речиси половина од нив се до 50 евра.

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска во изјава за медиумите на Конференцијата, рече дека некои од причините за ваквите карактеристики се немањето доволно дигитални вештини, ниското ниво на користење е-банкарство, немањето навики за плаќање со картичка, како и немањето доверба дали ќе стигне производот.

-Генерално преференците на македонскиот и балканскиот купувач се наплаќа кеш он деливери или со готовина. Регионот споредено со Европа има најниско ниво на сметки, иматели на платежни картички или најмалку користење на тие платежни картички. Значи, кешот е се уште доминатен платежен метод и тоа е еден од заплетканите работи што денеска ќе ги дискутираме да видиме како да ги отплеткаме другите платежни методи коишто во развиените земји се практично нормални, не се ни нуди како опција плаќање со кеш.

Граѓаните сѐ уште се соочуваат со измами на социјалните мрежи од лажни препродавачи на добра. Министерот за дигитална администрација, Стефан Андоновски вели дека за искоренување на измамите неопходно е граѓаните да пријавуваат, но и да се едуцираат како да ги препознаат измамите. 

-Ова е феномен со којшто се соочуваат и граѓаните во Македонија, но и во целата ЕУ и е проблем со којшто се соочуваат и владите затоа што станува збор за независни платформи како што се фејсбук, инстаграм, тик-ток и останатите врз коишто државите немаат регулаторна контрола што значи мора да наоѓаме странични начини за справување со овој проблем. Секако остануваме отворени за граѓаните да пријавуваат кога ќе се случи, но многу повеќе треба да работиме на градење вештина на препознавање и во таа насока е и Центарот за побезбеден интернет на којшто работиме којшто ќе биде ресурс за граѓаните особено за помладите да можат да препознаваат ваков тип на измени на интернет и секако од особено значење ни е и луѓето коишто се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата кои модерно се нарекуваат инфлуенси, но тука се и доктори и јавни личности коишто ќе забележат дека нивното лице, нивниот идентитет е украден или злоупотребен тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме, рече Андоновски.

 

12.11.2024 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега