Со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид во Кисела Вода
Со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид во Кисела Вода
73-годишна сопатничка е тешко повредена откако нејзиниот сопруг со „фолскваген“ се забил во бетонски ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
-Вчера во 21,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(74) од с.Идризово, скопско, удрило во бетонски ѕид од објект на правно лице. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.Ј.(73) од с.Идризово, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа