Градежен инженер објасни зошто се урна настрешницата во Нови Сад: „Затоа владее паника“
Во страшната трагедија во Нови Сад, каде во петокот се урна настрешницата на железничката станица , загинаа 14 лица. Сите се прашуваат како е можно да се случи такво нешто, особено што таа станица беше реконструирана пред четири месеци, а градежниот инженер и граѓански активист Данијел Дашиќ сега понуди одговор на тоа прашање, пишува Нова.рс.
„Уривањето се случи бидејќи на постоечката армирано-бетонска конзола беше додадена масивна челична конструкција со тешко стакло, закотвена со челични профили за покривот, што доведе до извлекување на сидрото и фрактура на носачите на конзолата“, напиша тој на. неговиот профил на социјалната мрежа Икс и додаде: „Затоа владее паника и се зборува дека настрешницата не е реконструирана“.
Do rušenja je došlo jer su na postojeću armirano betonsku konzolu, ankerisanu čeličnim profilima za krov, dodali masivnu čeličnu konstrukciju sa teškim staklima, koja je dovela do čupanja ankera i loma konzolnih nosača.
Zato panika i priča da nadstrešnica nije rekonstruisana. pic.twitter.com/zlWSpO24tb
— Danijel Dašić (@mrcoslav) November 1, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа