Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
Пред почетокот на откупот на тутунот, ресорниот министер Цветан Трипуновски очекува „фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите“.
Одговарајќи на новинарски прашања изјави дека е во комуникација со сите откупувачи на тутун кои се регистрирани во Министерството и дека се прават финални подготовки за стартот на откупот на 15 ноември.
-Очекувам дека ќе имаме богат род и квалитетен тутун како и во минатото. Можеби ќе биде со намалена количина, не како во претходните години, меѓутоа очекувам да има фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите. Ние како Министерство ќе го следиме процесот и сите евентуални проблеми кои би настанале, а не верувам дека ќе има, ќе ги санираме на самиот почеток, рече Трипуновски кој денеска ја отовори манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа