Фудбалскиот свет во жалост: Фудбалер го загуби животот во поплавите во Шпанија
Бројот на жртвите поради природната катастрофа во Валенсија надмина 160 човечки животи. Еден од нив е и Хозе Кастиљехо, поранешен фудбалер на академијата на Валенсија и играч на други клубови од пониска лига. Имаше само 28 години.
Шпанскиот прволигаш преку своите канали ја објави веста, а во овој момент не се знае точно како несреќниот Хозе го загубил животот.
„Валенсија длабоко жали за смртта на Хозе Кастиљехо, кој стана жртва на катастрофалните последици од поплавите. Хозе беше дел од нашата Академија и играше за неколку клубови низ областа на Валенсија“, објави клубот на својот Твитер профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа