Масовно пукање во Франција: Пет ранети, меѓу нив и дете
Во Поатје, град во западна Франција, во текот на ноќта се случи масовно пукање поврзано со шверц на дрога, при што тешко беа ранети пет лица, меѓу кои и едно 15-годишно момче кое е во критична состојба.
Министерот за внатрешни работи Бруно Ретајло изјави дека инцидентот започнал со пукање пред ресторан, а потоа прераснал во конфликт меѓу ривалски банди во кои учествувале неколку стотици луѓе.
Министерот предупреди дека Франција е на пресвртна точка во однос на насилството поврзано со трговија со дрога. Тој најави дека подоцна во текот на денот ќе отпатува за Рен, каде што петгодишното дете е во критична состојба откако беше рането во друго пукање поврзано со трговија со дрога во саботата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа