Тлото во Србија не мирува: За само два часа два земјотреса го погодија Врање

 


Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа го погоди Врање.

Според информациите од српскиот Републички сеизмолошки завод, земјотресот е регистриран околу 01 часот и 50 минути, на длабочина од 13 километри.

По само два часа, во овој град се случи уште еден малку послаб земјотрес, поточно неговата јачина беше 1,9 степени според Рихтеровата скала, пишува Блиц.рс.

Земјотресите со наведената јачина не можат да предизвикаат некоја посериозна материјална штета.

01.11.2024 - 09:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега