МТСП: Во тек е исплатата на образовен додаток

 


Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година.

Дополнителната исплата се врши согласно член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19 , 146/19, 275/19, 311/20, 294/21 и 150/22),  во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. Во овие случаи  исплатата  за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година.

31.10.2024 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега