Зајкова: Не ги напуштам СДСМ но ќе делувам независно - има време до локалните избори
Не е точна веста дека Либерално-демократската партија на Македонија (ЛДП) ја напуштила коалицијата со СДСМ, вели во изјава за МКД.МК претседателката Моника Зајкова откако вечерва медиумите објавија дека партијата ја напушта коалицијата со СДСМ.
Засега нема ништо ново. Како пратеник останувам да делувам независно во Собранието. Либерално-демократската партија е независен политички субјект, а до локалните избори има уште многу време. За понатамошните чекори и за тоа како ќе делува ЛДП ќе одлучуваат партиските органи“, вели за МКД.мк, Зајкова.
Вчера ТВ 21 повикувајќи се на партиски извори пренесе дека лидерката на ЛДП, Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ иако не се знае дали ќе ѝ се приклучи на владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа