Битола: Ја тепал бившата саат време - не можела да издржи па си ги пресекла вените
39 годишен битолчанец се сомничи дека повеќе од 1 час ја држел затворена во викендичка својата поранешна девојка и при тоа ја тепал удирајќи ја со клоци и тупаници. Како што информираше обвинителството, осомничениот на 21 октомври ја земал својата поранешна девојка со автомобил и ја однел во викендичка во битолско нижеполе. Уште по пат почнал да ја удира со тупаници а насилството продолжило и во викендичката каде подолг период ја држел затворена при тоа удирајќи ја со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото. Девојката во еден момент нашла нож и си ги пресекла вените но насилникот продолжил да ја тепа.
Од Обвинителството информираат дека осомничениот се уште е во бегство а судија на претходна постапка веќе му одредил и притвор што значи дека веднаш штом ќе биде пројаден мерката притвор ќе почне да тече.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа