Новиот лидер на Хезболах Наим Касем e под американски санкции
Наим Касем, новиот лидер на либанскиот Хезболах, е под санкции од Соединетите Американски Држави (САД), кои ја сметаат организацијата за терористичка организација.
Неговото именување, објавено денеска, не е изненадување бидејќи 32 години беше заменик на поранешниот лидер Хасан Насрала, кој беше убиен на крајот на септември во израелски воздушен напад врз предградие на Бејрут.
Министерството за финансии на САД воведе санкции против Касем во 2018 година.
29.10.2024 - 22:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа