(ВИДЕО) Го удрија со јајце, му истурија јогург: Европратеник се најде во непријатна ситуација
Со јoгурт и јајца го гаѓаа европратеникот Фреди Белери, од грчката партија Нова демократија. Според написите на грчките медиуми, при неговата посета во Тирана, бил нападнат токму со овие прехранбени производи.
Белери допатува во главниот град на Албанија како член на делегацијата на Европскиот парламент, која се занимава со проценка на напредокот на Албанија кон членството во Европската унија, пишува порталот Катимерини.
Фреди Белери, етнички Грк, избран на почетокот на 2023 година за градоначалник на албанскиот град Химара, во јуни оваа година, додека ја издржувал казната во албански затвор, дознал дека бил избран и за грчки член на Европската Парламентот.
Во март лани, тој е прогласен за виновен пред судот во Албанија за купување на гласовите на осум гласачи по цена од 335 евра за време на изборите за градоначалник на албанскиот приморски град Химари.
Белери се изјаснил за невин, ветувајќи дека ќе ја продолжи својата правна битка низ сите нивоа на албанскиот судски систем, како и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
#Greek #Eurodeputy #FrediBeleri was hit with an egg today in #Albania. He is participating, along with a delegation from the #EuropeanParliament, in high-level meetings in #Tirana, Albania. pic.twitter.com/qkwO3Xn1Th
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) October 29, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа