Потера и апсење на Плачковица: Двајца уапсени со возила полни со илегално сечени дрва
Вчера во 22.50 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.Ш.(20) и Ф.Ф.(30), двајцата од Радовиш.
На 28.10.2024 околу 21.30 часот на место викано „Еренџе“ на планина Плачковица од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш на патничко возило “форд“ со радовишки регистарски ознаки и патничко возило „опел“ без регистарски ознаки им бил даден знак да застанат, но лицата кои ги управувале не почитувајќи ја наредбата на полициските службеници со возилата се дале во бегство.
По преземени службени дејствија возилата биле пронајдени, при што било утврдено дека истите биле натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а едно од возилата кое е сопственост на И.Ш. го управувал Ф.Ф. од Радовиш. Возилата и дрвата биле одземени и пренесени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Плачковица“ Радовиш.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа