Приведени двајца бегалци од затвор

 

Приведени бегалци од затвор, вратени на доиздржување на казните.

Вчера во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(27) од Струмица, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Д.Р. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 5 месеци и 17 дена. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

 
Вчера во 19.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.Џ.(21) од село Лакавица, штипско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Е.Џ. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 10 месеци и 15 дена. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
29.10.2024 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега