МВР со детали за дојавата за бомба во „Кромберт и Шуберт“

 


Утрово во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 06 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа, соопшти МВР.

„Веднаш се упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава“, стои во соопштението од МВР.

29.10.2024 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега