Тешка сообраќајна несреќа во Кочани: Малолетник тешко повреден

 


Вчера во 14.16 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(33) и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетник, двајцата од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

28.10.2024 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега